56 случаи со британскиот сој во осум града во земјава, најмногу во Охрид

Во периодот од 1 до 7 февруари, во Институтот за јавно здравје, се пријавени 649 примероци од три лаборатории во Скопје (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ) за проверка за присуство на британскиот сој на ковид-19, но, само 56 се позитивни за присуство оваа мутација.

Се работи за лица од осум града, а најголем број случаи се откриени во Охрид (25), Прилеп (10) и Кавадарци (4).

Од МЗ велат дека во лабораторијата во МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти, кои претходно не беа присутни во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на ковид-19 од странство.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 февруари регистрирани сe 2.120 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 4,1% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје со неделен просек од 163,7 заразени на 100.000 жители.

Зголемување има и кај смртните случаи – 66 од 21 град, што е зголемување од 3,1 отсто во однос на минатата недела.

Претходна вестЏабе Кејот кај ГТЦ ќе се реконструира ако нема ред и контрола што и до сега им беше обврска
Следна вестПазарување додека трае пандемијата: По еден купувач на 10 квадрати, ред и дезинфекција