Во изминатото деноноќие, 11 лица починаа, а регстрирани се 61 нов случај на заразени со корона вирус, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Шестмина од починатите се од Скопје (од 67 до 83 годишна возраст), двајца од Гостивар и по еден од Охрид , Струмица и Тетово, сите во болнички услови.
Според статистиката, 61 нов случај се добиени од направени 678 теста, што е 9 отсто. И натаму повеќе од половната новозаразени се од Скопје – 35, потоа Кавадарци, Тетово, Прилеп, Штип, Охрид, Струга, Кочани, Куманово, Гостивар, Велес, Крива Паланка.
Во истиот период 440 лица се регистрирани како оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, а на починати е 2.866 лица. Во моментов има 7.766 ктивни случаи во цела држава, од кои 4.014 во Скопје.