И последниот ден од 2020 со многу сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.12.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа насообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 4 санкции, 8 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за нерегистрирани возила.

Изречени се 2 санкции за возење под дејство на алкохол, 20 мерки за непрописно паркирани возила.

МВР уверува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Да се надеваме дека контролите ќе бидат и посеопфатни, а и казните посериозни оти многумина во Скопје се однесуваат крајно несоодветно па дури и опасно на улиците.

Претходна вестПрвото бебе во 2021 година е машко, се роди една минута по полноќ
Следна вестКој политичар прв ќе не излаже во Новата 2021 година?