66-годишник бил затекнат како се обидува да одземе телефон на автобуска постојка. Тој бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
– Вчера попладне, околу 14.50 часот на автобуска постојка на булеварот „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода 66-годишниот Р.Б. од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе мобилен телефон од лице од Скопје, информираат од МВР.
Р.Б. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.