Во изминатово деноноќие тестирани се 868 граѓани во Македонија од кои 67 се позитивни на корона вирус. Ова го соопшти пред малку министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека има 25 оздравени пациенти, а еден пациент починал од последиците на вирусот.
-Малку подоцна ќе соопштиме детални податоци од кои градови потекнуваат, рече министерот.
Тој информира дека во Клиниката за инфективни болести се лекуваат 40 пациенти, а вчера се примени шест. Таму 16 пацинети се на кислородна поддршка, но нема ниту еден на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ има 27 пациенти од кои сае на респиратор – 6. Во битолската болница има 7 пациенти, во штипската 14, а во Охрид, Прилеп, Куманово и велес вкупно 27.
-Во скопско, во Сарај, Студеничани и Чаир најмногу заболени има од десетина семејства кои се изолираат. Се размислува и за враќање на рестриктивни мерки, но за тоа ќе се реши во наредниве денови, потенцира министерот чија прес конференција се уште трае.