Со пиштол застрелале куче скитник во Ново Лисиче

Пукано во куше скитник во Аеродром. Имено, три непознати лица синоќа со пиштол застрелале куче скитник во Ново Лисиче.

Според информациите на МВР, вчера околу 23 часот во полиција било пријавено дека околу 22:30 часот на паркинг позади трговски центар во Ново Лисиче три лица, кои биле со автомобил, со истрел од пиштол застрелале куче скитник.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестФилипче за одговорноста: Не се согласувам дека епидемијата не е под контрола
Следна вестВо четврток ќе се донесе одлука дали ќе има ограничувања во движењето за Задушница и викендот