Општина Центар ги повика угостителите на состанок-средба

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, имаше средба со претставници на угостителите од општината. Како што соопштуваат од општината во текот на неделата ќе се организираат повеќе состаноци со угостителите, распоредени територијално и етапно, со цел почитување на мерките и препораките за зголемена безбедност поради коронавирусот.

-Состанокот се одржа по иницијатива на Општина Центар, Полициската станица – Центар и СВР – Скопје заради актуелната ситуација со кризата предизвикана од вирусот. Со угостителите разговаравме за реорганизација на работата на угостителските објекти, обезбедување услови за зголемување на нивниот капацитет на работа врз основа на насоките и препораките од надлежните институции, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Тој најави дека општината ќе ги разгледа сите барања и предлози и ќе се реализира сè што е неопходно за нормално функционирање на објектите, со доследно почитување на препораките за заштита од вирусот и во согласност со законската рамка.

Претходна вестБришење или кинење на хартијата
Следна вест67 лица се новозаразени од вирусот, еден пациент починал