Градоначалникот Петре Шилегов планира скандалозни 175 нови вработувања во ЈСП „Скопје“ за конечен распад на претпријатието кое и така опстојува благодарение на субвенциите од градот Скопје, обвини денеска советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градскиот Совет.
Во соопштението се наведува дека овој план за вработувања е доставен на разгледување до советниците на град Скопје на денешната седница, при што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе гласа против. Се наведува дека најголем дел од овие вработувања се администрација, а многу помал дел се возачи кои се неопходни на претпријатието. Покрај 175 нови партиски вработувања, планирани се и нови 95 унапредувања кои чинат дополнителни финансии, а само 41 пензионирање.
-Па така мрзеливиот градоначалник Шилегов вработува нов оперативен директор на кому ќе му бидат исплатени плати од 245 илјади денари до крајот на годината. Советник на директорот за примена на законот за јазици кој ЈСП до крајот на годината ќе го чини 332 илјади денари. Двајца соработници за секундарна продажба кој ЈСП ќе го чинат до крајот на година 310 илјади денари. Инженер за инвестиции кој ЈСП ќе го чинат 175 илјади денари. Седум хигиеничари кои ЈСП ќе го чинат 900 илјади денари. Раководител на сектор финансии кои ЈСП до крајот на годината ќе го чинат 245 илјади денари. Сметководител со плата до крајот на годината од 185 илјади денари. Работник за обезбедување на имот и лица. Работник за изгубено најдено. Помлад соработник за правни работи, соработник за човечки ресурси, референт по статистика, раководител на одделение за општи работи, виш соработник за информатика и слични работни места се на списокот на Шилегов, наведува оваа советничка група.
На крајот се потенцира дека ова преставува класична злоупотреба на институции и конечен распад на ЈСП.