77-годишник со „голф“ прегази малолетник

77-годишен возач со „голф“ прегази малолетен пешак во Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот .

На 06.06.2023 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Вук Караџиќ“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.М.(77) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница Куманово, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Претходна вестМаскиран напаѓач вооружен со пиштол ја ограбил „Стопанска Банка“ во ТЦ „Беверли Хилс“
Следна вестМицкоски: Избори да подготви техничка Влада, уставните измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на Протоколот во 27-те земји членки на ЕУ