Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на ковид-дијагностицирани достигна 155.528 од вкупно направени 831.031. Починаа 5.471, а оздравени се 149.619 пациенти. Бројот на активни случаи е 438.
И покрај недоволната количина вакцини, од Министерството за здравство велат дека вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, но речиси дест пати е поголем бројот на оние што се ревакцинираат.
На вакциналните пунктови во државата според последните податоци, вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани.
Инаку, до вчера бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани, информираа од Министерството за здравство.