8 Март – повод за нова услуга во Пошта

„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.

Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.

На официјалната веб страница на Пошта: www.posta.com.mk може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.

Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.

Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.

 

Претходна вестКонечно поликлиника во Сарај, следна е Кисела Вода
Следна вестЗаев му понуди на Мицкоски широка влада