Темно Режим Светло Режим

86 скопски возачи брзале по улиците, набрзо ќе платат казна

Вкупно 86 скопјани вчера се казнети за пребрзо возење во рамките на контролите кои на градските сообраќајници вчера ги спровела полицијата.

– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 8 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 86 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 7, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси, 68 мерки за непрописно паркирање, 71 возило подигнати со пајак, а изречени се 120 казни за неносење на заштитна маска, соопштија денеска од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Advertisement
Претходниот Пост

Баскетот се уште ќе биде на боледување

Следниот Пост

Конечно, опасниот винил хлорид од ОХИС префрлен во Германија