Починале тројца пациенти, во Скопје 184 новозаразени од вирусот

Скопје е повторно најголемо жариште на ширењето на корона вирусот, произлегува од податоците за изминатово деноноќие што ги соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на Ковид-19 од кои половина била во Скопје – 184.

Состојбата во други градови е следна:-Куманово 13, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 12, Тетово 19, Струга 6, Велес 4, Битола 10, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 4, Гевгелија 5, Струмица 21, Крива Паланка 5, Радовиш 11, Кочани 17, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Берово 3, Валандово 3, Виница 2, Делчево 4 , Свети Николе 11, Кичево 3 и Неготино 1.

-Починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.), се наведува во информацијата.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 201512 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147.

Претходна вестНавивање пред телевизор за македонските фудбалери
Следна вестЌерка ја нападнала и тешко ја повредила мајка си