89 нови случаи на Ковид-19, не се регистрирани починати лица

Од направени 1.649 тестови во последните 24 часа регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, информира денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 46, Битола – 14, Прилеп – 11, Тетово, Струмица и Неготино – по 3, Кавадарци и Охрид – по 2, Куманово, Гевгелија, Штип, Струга и Кичево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани се 55 оздравени пациенти од: Скопје – 41, Битола – 4, Кавадарци– 2, Куманово, Велес, Гостивар, Охрид, Свети Николе, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица, се наведува во информацијата.

Досега во земјата се направени вкупно 1.996.485 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.605, бројот на оздравени пациенти е 298.306, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.038.

Претходна вестЛевица се поклони на гробот на Јане Сандански
Следна вестПендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството