Бензините поскапи за пола денар, дизелот со стара цена

Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена во следниот седумдневен период.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство да се зголеми за половина денар, а цената на дизелот да остане иста.

Согласно новата одлука, новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 74 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Претходна вестАвтобуси ќе се набават иако нема буџет, тврди Арсовска – не кажа како
Следна вестЗабранетото е најслатко – со мрежа ловеле охридска пастрмка