Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги добила резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, со кои кај мостра од дива птица корморан од Штипско е потврдено присуство на птичји грип.
За утврдување на поттипот на сојот на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива пцовисана прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.
-Пријава за сомнеж на случај АХВ доби на 18 февруари кога од страна на ветеринарно друштво од Штипмострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувачниците и попис на живината на фармите, се наведува во соопштението на АХВ.
Останува апелот до одгледувачите биосигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината.
Доколку граѓаните најдат пцовисана дива птица во природата, АХВ апелира за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или самата Агенција.