Приведено момче кое што со пиштол-играчка се заканувало на минувачи кај Бит-пазар

Полицијата го проведе момчето коешто со пиштол-играчка им се заканувало на минувачи во Скопје предизвикувајќи вознемиреност кај нив. Видеото на кое што се гледа како момче вади, репетира пиштол и го насочува кон минувачите на Бит-пазар се појави вчера на социјалната мрежа „Тик Ток“. Тоа предизвика и реакции на граѓаните

Објавувачот на видеото наведе дека пиштолот не е вистински, но реакциите под објавата се бројни. Граѓаните пишуваат дека ова не е единствената локација каде е забележано момчето со вакви закани и бараат итна реакција на надлежните институтции.

Неколку часа подоцна момчето е веќе приведено, а заедно со јавните обвинители докрај ќе се расчистува случајот.

-Откако е прегледано видеото полициските службеници излегоа на терен. Лицето е приведено и станува збор за лице со здравствен проблем. Се работи на расчистување на случајот, изјавија во МВР.

Претходна вестВардарци со тешка победа над Загреб на чекор од осминафиналето
Следна вестУкажува ли скринингот дека е време да се укине обврската учениците да носат маски?