Денеска нови 631 заразени од 2.800 теста и 10 починати

Во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на КОВИД-19:

Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар – по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6, Штип и Делчево – по 5, Кочани, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Богданци – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистриран сe 910 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи изнесува 5.162, од кои повеќе од половината (2.808) се во Скопје.

 

Претходна вестПетровска: Нашата безбедност е гарантирана, ние сме солидарни со Украинците
Следна вестИстражување: Над 70 отсто од македонските граѓани не прифаќаат отстапки за јазикот и историјата