Убаво: Град Скопје ќе додели средства за 10 скопски општини за нови паркови и зеленило

Скопје ќе се раззеленува. Таква е барем најавата. Имено, денеска Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини, а со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10-те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе.

Од овие средства се очекува да се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.

Исто така, советниците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.

Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на урбанистички и основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

Претходна вестИстражување: Над 70 отсто од македонските граѓани не прифаќаат отстапки за јазикот и историјата
Следна вестОд 1 март поевтино зонско паркирање во Скопје