Продолжуваат воените дејствија во Украина, се бројат жртви, светската јавност реагира

Борби и натаму се водат во разни подрачја на Украина откако рано изутринава руски воени единици од повеќе правци упаднаа во соседната земја. Експлозии, артирелиски истрели како и пукање од автоматското оружје, прелети и проектили од хеликоптери и авони, движење на бројни тенкови… се она за што извеснуваат тамошните медиуми. Цел на рускиот напад се делови од престолнината Киев, како и во Одеса, Харков, Мариупол… 

Украинските власти околу пладне соопштија дека најмалку 40 украински војници и десетина цивили се убиени во првите часови од руската инвазија на Украина.

Генералштабот на украинската армија соопшти дека Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина и дека „поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции“. Украинскомо МО јави дека досега елиминирале над 50 руски војници, а собориле 6 руски воени авиони и 2 хеликоптери. 

Руското МО пак соопшти дека уште при првиот удар е уништен голем дел од воената инфраструктура на Украина. Уништен е еден конвој на границата со Крим при што се убиени 9 украински војници. Во борбите су украинските воздушни сили пак, русите јавуваат за срушени два авиони и 1 украински хеликоптер.

Ваквата ситуација резултира и со голема бегалска криза на територијата на цела Украина. Највпечатлива е колоната на автомобили што утрово го напушташе Киев Се наведува дека е алармантна состојбата и на граничните премини, Украинци бегаат кон Полска Словачка, Унгарија и Романија.

Официјална Москва соопшти дека Русија не сака да ја окупира Украина и нејзината иднина е прашање на избор на украинскиот народ. Рускиот претседател Владимир Путин во вонредно телевизиско обраќање соопшти дека одобрил специјална воена операција во Украина со цел да го заштити руското население во источниот дел на оваа држава.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба.

-Русија изврши напади врз нашите воени инфраструктури, врз нашите граничари. Во многу градови во Украина се слушаат експлозии. Воведуваме воена состојба на територијата на целата држава. Пред една минута имав разговор со претседателот на САД, Џо Бајден. САД почнуваат да собираат меѓународна поддршка, соопшти Зеленски.

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека „Путин избра војна која ќе биде со катастрофални загуби“

-Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат на обединет и решителен начин, се вели во соопштението на Бајден.

ЕУ упати итен повик до Русија да ги прекине воените операции и да ја повлече војската од Украина. Во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се наведува дека мора да се почитува интегритетот на Украина.

-Ја повикуваме Русија веднаш да ги прекине воените операции, да ја повлече својата војска од Украина и целосно да го почитува нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност, се вели во соопштението.

Кина соопшти дека ја следи ситуацијата во Украина и повика на „воздржаност“ од сите страни.

Лидерите на земјите членки на НАТО утре ќе се состанат на вонреден самит преку видео врска, а денеска на амбасадорско ниво е донесена одлука дополнително да се зајакне присуството на Алијансата во источниот дел и да се зголеми воената подготвеност.

-Ова е страшен миг за безбедноста во Европа. Целта на Кремљ е да ги врати своите сфери на влијание и да ја ревидира историјата, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Претходна вестОд 1 март поевтино зонско паркирање во Скопје
Следна вестСовет за безбедност: Осудени воените дејства на Русија, нашата безбедност е стабилна