Од 1 март поевтино зонско паркирање во Скопје

Од 1 март зонското паркирање во Скопје поевтинува. Советниците на денешната седница дадоа согласност на Одлуката за измени и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ова претпријатие.

ЈП „Градски паркинг“ претходно на седница на Управниот одбор донесе одлука за намалување на цените во зоните на паркирање во градот.

Со оваа Одлука намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.

 

Претходна вестУбаво: Град Скопје ќе додели средства за 10 скопски општини за нови паркови и зеленило
Следна вестПродолжуваат воените дејствија во Украина, се бројат жртви, светската јавност реагира