Home АКТУЕЛНО Сончево утро со влошување на времето во попладневните часови

Сончево утро со влошување на времето во попладневните часови

0
Сончево утро со влошување на времето во попладневните часови

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од југоисточен, а во северните од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 13 степени.