Руските трупи и денеска вршат напади низ соседна Украина. Претседателот на Украина, Вoлодомир Зеленски, изјави дека земјата нема да престане да се бори со, како што рече, рускиот агресор.
Тој преку видео обраќање пред неговата канцеларија ги повика сограѓаните да не веруваат во пропаганди и лаги.
-На мрежите се појавија многу лажни информации за да ја повикаат нашата војска да го положи оружјето и дека eвакуација е во тек. Значи, тука сум, нема да го положиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава, оружјето е нашата вистина, истакна Зеленски.
Инаку, ноќеска имало борби по улиците на Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на САД да биде евакуиран. Американската влада побара од Зеленски да се евакуира од Киев, но тој ја одбил понудата, според висок американски разузнавач, кој е запознаен со содржината на разговорот.
Вчера од руска страна била истакната подготвеност за преговори со Украина, но ставиле услов – украинската војска да го положи оружјето.