Се уште нема преговори меѓу Русија и Украина за смирување на воените дејствија. Кремљ објави дека Владимир Путин наредил суспензија, а потоа ја рестартирал воената операција во Украина откако „Киев не ги прифати преговорите“. Од Украина пак стигна порака дека не е точно и дека не ги одбила преговорите со Москва.
Советник во Претседателството изјави дека Украина е подготвена да преговара за прекин на огнот, но дека нема да прифати ултиматуми, пренесува SkyNews.
Во соопштението се наведува дека ова ќе се смета за „обид да се распадне Украина и да се принуди да прифати категорично неприфатливи услови“.