Бразилскиот претседател разговарал телефонски два часа со Путин

Бразил не зазема страна околу воениот судир во Украина. Претседателот Болсонаро одби да го осуди упаѓањето на руските сили во Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

-Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со сѐ што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски, рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски разговарал со Путин два часа.

Претходна вестПочнуваат руско-украинските преговори, Зеленски вели дека следните 24 часа се клучни
Следна вестОд утре се одмрзнуваат цените, колку ќе чини лебот?