Од утре се одмрзнуваат цените, колку ќе чини лебот?

Дали и колкав бран на поскапувања на цените на основните прехрамбени производи ќе се случи од утре кога завршува владината мерка за замрзнати цени? Што ги чека утре граѓаните во маркетите?

Дилемата пред се се однесува на лебот, шеќерот, солта, брашното, сончогледовото масло, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот, чии цени Владата ги замрзна во текот на декември за да се заштити животниот стандард на населението. Мерката завршува вечерва на полноќ, а со цел да не настане нагло зголемување на одмрзнатите цени Владата неодамна донесе одлука да се замрзнат маржите до 5 проценти за трговијата на големо и до 10 отсто на таа на мало за неколку производи. Меѓутоа, прашање е дали оваа мерка ќе ги спречи поскапувањата.

Прозиводителите веќе најавуваат дека ќе има покачување на цените бидејќи во меѓувреме поскапеле суровините и енергенсите. Се очекува цената на лебот прва да отиде нагоре.

-Утрово кога купував леб продавачката ми најави дека од утре ќе има покажување за околу 15 проценти, ни посочи читател.

Дали ова навистина ќе се случи останува да се види утре. 

-Секоја компанија ќе си ги регулира цените според своите трошоци. Секако дека корекцијата ќе биде во нагорна граница а дали ќе се случи на 1 март или понатаму останува да се види. Секако дек  ќе има корекција на цените во нагорна линија но нема да биде нешто драстично, изјави неодамна Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелнично – пекарската индуструја при Стопанска комора за телевизија Телма.

Министерот за екомномија Крешник Бектеши неодамна изјави дека тој очекува стабилизација на цените по ограничувањето на маржите што го определила Владата.

-Некои трговци профитираат врз грбот на граѓаните и пресметуваат маржи и по 50 проценти. Не сакам да бидам лажен оптимист и да кажам дека замрзнувањето на маржите ќе придонесе кон намалувањето на цените бидјеќи цените глобално растатат. Да се надеваме дека ќе има стаблизација, рече тој.

 

Претходна вестБразилскиот претседател разговарал телефонски два часа со Путин
Следна вестЗапалени три нови контејнери кај Бит Пазар, кога ќе почнат да ги фаќаат пироманите?