Запалени три нови контејнери кај Бит Пазар, кога ќе почнат да ги фаќаат пироманите?

Три новонабавени контејнери за отпад се запалени и изгорени на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и сите се целосно уништени и неупотребливи.

-Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови, соопшти ова градски јавно претпријатие.

ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Но, досега полицијата и други комунални служби не открија сторител на опожарувањата. А пироманите си тераат по свое.

Претходна вестОд утре се одмрзнуваат цените, колку ќе чини лебот?
Следна вестКаде брзаат: За три дена 681 возач казнет за пребрзо возење?