Home АКТУЕЛНО Стивна паниката на бензиските пумпи, новa одлука за цените од понеделник

Стивна паниката на бензиските пумпи, новa одлука за цените од понеделник

0
Стивна паниката на бензиските пумпи, новa одлука за цените од понеделник

На бензинските пумпи ширум Maкедонија веќе ги нема колони возила кои се создаваа синоќа откако меѓу граѓаните се приширија информациите дека цените на горивото значително ќе поскапат и дека има ограничувања на количината. Најавите за тоа се споделуваа на социјалните мрежи напоредно со тоа што некои бензински пумпи почнаа да ја ограничуваат продажбата на горивата на износ од 500 и 1.000 денари. Тоа придонесе до доцна во ноќта да се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи.

Такво нешто не се случи денеска по што состојбата на бензинските пумпи и потрошувачката се вратија во редовна, вообичаена, состојба. Марко Бислимовски, првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, како обид за „воено профитерство“ го оцени однесување на дел од бензинските пумпи.

-Дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата и ја користат состојбата за профитерство оставајќи впечаток дека нема гориво. Во текот на денешниот ден, добивме укажувања од поголем број на потрошувачи. Некои бензиски пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. Тоа се воени профитери кои за да заработат нешто ситно на нечиј грб, но ние денес ќе доставиме извстување до Обвинителството за таквите појави, изјави Бислимоски.

Од Владата соопштија дека има задоволителна количина нафтени деривати во стоковните резерви.

-Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, се наведува во владиното соопштение.

Од Пазарната инспекција информираа дека при вонредните контроли во текот на целата нок не затекнале неправилности, а инспекциите продолжуваат.

Нова одлука за цените на горивата ќе има во понеделник.