Пари оставени од верниците биле на мета на крадците во црквите во Струга и Струшко изминатите години.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски нема разлиикаво бројот на кражбите во црквите во струшкиот регион пред почетокот на пандемијата со коронавирусот и сега.
Во текот на 2019 година во полицијата пријавени се два тешки кражби во црква „Свети Мартиние“ во селото Ташмаруништа и во црква „Света Петка“ во селото Враништа. Во 2020 година, пак пријавен е само еден обид за кражба во црква „Свети Мартиние“ во Ташмаруништа. Лани мета на крадците биле црквите „Света Варвара“ во Вевчани, „Свети Никола“ во Паркот на поезијата во Струга и „Света Недела“ во селото Радожда.