Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 22.20 часот во Сарај го лишија од слобода Н.Н. (28) од ова скопско село, кој бил баран по централна потерница од КПУ Идризово заради бегство од установата, каде издржувал казна затвор од две години и девет месеци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додадоа дека тој издржува затворска казна за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ казниво по член 273 и кривично дело „Криумчарење на мигранти“ казниво по член 418б од Кривичниот законик.