Украинската амбасада објави повик за учество во Меѓународната легија – кај нас тоа е кривично дело

Украинската амбасaда во земјава на својот Твитер профил вчера објави информација дека граѓани на Македонија може да се регистрираат за да бидат дел од Меѓународната легија за да се борат во Украина.

Во информацијата се наведува дека за регистрација треба да се контактира Амбасадата и има мобилен телефон и електронска адреса.

Повикот што го објави Амбасадата всушност е само пренесување на повикот кј го објави украинскиот претседател Зеленски за формирање Меѓународна легија со борци од странство, за што украинските власти велат дека имало голем интерес и дека досега имаат добиено илјадници апликации. Не се открива од кои земји се барањата. Исто така ниту од Амбасадата кај нас не откриваат дали некој се пријавил досега.

Учество во странска војска, но и регрутација и превезување кај нас е кривично дело за кое се добива казна затвор од најмалку 4 години затвор. Секој кој ќе биде регистрира како учесник во станска војска при враќање во земјата ќе биде уапсен.

Еве што предвидува Кривичниот законик:

-Казна затвор од најмалку пет години за оној кој ќе создава, организира, регрутира, превезува, организира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на Република Македонија.

-Со казна затвор од најмалку пет години ќе биде казнет и оној  кој директно или индиректно, нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови, материјални средства или опрема коишто ќе бидат наменети за извршување на кривичното дело од ваков тип.

-Државјаните на Македонија,  кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на РМ, ќе се соочат со затворска казна од најмалку четири години.

-Казна со затвор од најмалку четири години ќе следи и за тој што спротивно на закон на собир, преку пишан текст, со аудио – визуелни снимки, преку социјалните мрежи или со кој било друг облик на комуникација ќе повика на ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста порака, или врбува или поттикнува друг на извршување на наведените кривични дела. Казниво е и помагањето како и обидот за извршување на овие дела.

 

Претходна вестРесенчанец си купувал на интернет со картичката на 82-годишна скопјанка
Следна вестСЕХА ги одложи сите натпревари на неодредено време