Повторно барање до власта итно да го прифати предлогот за намалување за 50 отсто на акцизата за горивата, упати денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова партија тврди дека со тоа горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.
-Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80 отсто и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството. ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50 проценти, со која дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, бараат од опозицијата, да се намали и ДДВ-то за производите за исхрана и за топлинска енергија, односно за парното да биде 0 отсто, а за струјата да остане 5 отсто до крајот на годината.