Крадец сам се издал – ги продавал украдените предмети на интернет

Скопјанец продавал украдени предмети на интернет. Тој денеска е приведен и во службен разговор со полицијата го признал делото.

При претрес на домот на М.Б. (33) на подрачјето на Лисиче, извршен по добиена наредба од кривичен суд Скопје, пронајдени се поголем број предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба, извршена во периодот од 5 до 28.2.2022 во деловен субјект лоциран на подрачјето на Илинден.

Тој е приведен во полициска станица и при извршениот службен разговор го признал делото и појаснил дека украдените производи ги нудел на продажба преку социјалните мрежи. По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходна вестЃоковиќ нема да игра на турнирите во САД бидејќи не е вакциниран против ковид
Следна вестПоради намалување на маржите: Некои сопственици најавуваат затворање на бензинските