Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и две други обвинети во случајот „Дизајн”, своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и беа огласени за виновни и осудени на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.
Тројцата се обвинети за набавката на кинеските двокатни автобуси за ЈСП, односно се гонеа како членови на Комисијата за јавна набавка која ја спровела набавката.
Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје, велат од Кривичен суд Скопје.
Воедно, од Судот информираат дека предметот за обвинетиот И.Ј., кој не ја призна вината, продолжува со главна расправа на 28 март.