Обвинителствата низ државата се без кадар, Советот немаше кворум за избор

Поради немањето кворум Советот на јавни обвинители на денешната седница не избра пет нови јавни обвинители за тимот на Вилма Русковска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Иако сите членови биле информирани за денешната седница отсустуваа Љубомир Јовески, Иџет Мемети и Љупчо Ивановски.

Присутните членови на оваа седница констатираа дека состојбата во основните јавни обвинителства е лоша. Според потребната систематизација во Основното јавно обвинителство Тетово е предвидено да работат десет обвинители, а во моментов во ова обвинителство работат двајца јавни обвинители и во Крива Паланка, каде обвинители од ОЈО Куманово ги покриват настаните од овој регион.

Следната седница е закажана за четврток.

Претходна вестУште една пресуда за Јанакиески – си призна и доби условна за набавката на кинеските автобуси
Следна вестНови 318 заразени и 13 починати од Ковид-19