Затворениците и раководството на затворот „Скопје“ во Шутка организираа крводарителска акција за настраданите во Украина.
Заинтересираност имало, вели директорот на затворот, Филип Андов. Според него, над 50 затвореници досега дарувале крв во знак на солидарност.
Акцијата е организирана во координација со Црвениот крст на Македонија.