Се очекува денеска Регулаторната комисија за енергетика да ги презентира новите цени на бензините и на нафтените деривати. До ова ќе дојде поради синоќешното одобррување од страна на парламентот на владини одлуки против кризата и усвоените законски измени за акцизата и за ДДВ.
Акцизата за горивата се намалува од 1,2 денари на 4,7 денари, додека ДДВ се намалува од 18 на 10 отсто.
Со оваа промена, од вечерва на полноќ, се очекува цената на еуросупер 95 да изнесува 86,5 денари, додека на еуросупер 98 да изнесува 88,5 денари. Дизелот ќе биде 88 денари.