Дали апелите се доволни за да се сопрат пироманите кои палат контејнери?

Контејнерите за ѓубре во Скопје пак се мета на пиромани. Комунална хигиена повторно информира дека несовесни граѓани продолжуваат да ги палат пластичните контејнери.

Овој викенд изгореле 8 контејнери. Три се наоѓаа на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит пазар, а целосно изгореле уште четири контејнери. Еден контејнер бил запален во населбата Дебар Маало.

Кој го прави ова? Зошто нема успех во спречување на оваа немила појава која долго време се случува во Скопје?

-Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад, велат од Комунална хигиена.

Дали апелите се доволни за да се сопрат пироманите?

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата е целосно одлепена од реалноста, во време на криза трошат на кафиња, цвеќиња и хотелски услуги
Следна вестБорел: Не можам да ветам дека ќе добиете датум