Фатен додека обивал и крадел во подруми на зграда

Дваесет и петгодишниот скопјанец О.М. вчера во 20.35 часот е лишен од слобода во реонот на Бит-пазар, откако бил затекнат при извршување кривични дела „тешка кражба“.

Како што соопшти МВР, него го привеле полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит пазар.

– Со употреба на сила и подесен алат, тој од подрумски простории од зграда одзел разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари. Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосното документирање на случајот, наведува МВР,  ќе следува кривична пријава за извршени седум кривични дела „тешка кражба“.

Претходна вестЦените на горивата остануваат непроменети
Следна вестПовторно заживува туризмот во земјава – во јануари пола биле домашни пола странски