Повторно заживува туризмот во земјава – во јануари пола биле домашни пола странски

Во јануари годинава земјава ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 52,9  отсто од туристите во јануари годинава биле домашни, а 47,1  отсто странски туристи. Од остварените ноќевања 56,5 отсто ги направиле домашните туристи, а 43,5 отсто странските туристи.

При тоа бројот на домашните туристи во јануари 2022 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 19,5 отсто, а на странските за 73,2 отсто. Во овој период домашните туристи оствариле за 22 отсто повеќе ноќевања, а странските за 53,4 отсто во споредба со минатогодишниот јануари.

Претходна вестФатен додека обивал и крадел во подруми на зграда
Следна вестСлушнаа ли евроамбасадорот Гир и министерот Османи што зборуваше Фукујама?