Русија воведе санкции против американскиот претседател Џо Бајден, соопшти Министерството за надворешни работи.
Санкциите се и за државниот секретар Ентони Блинкен, за секретарот за одбрана Лојд Остин, за советникот за национална безбедност Џејк Саливан и за шефот на ЦИА Вилијам Барнс.
Оваа мерка се смета како реципроцитет на санкциите кои САД и другите западни земји ги воведоа за рускиот државен врв и голем број бизнисмени и олигарси.