Наместо 50, премиерот Димитар Ковачевски отсега ќе има 12 советници, изјави утринава премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата рече дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации.
-Бројот на советници којшто јас планирам да го имам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално, рече Ковачевски.
Тој не сакаше да каже кои ќе му бидат советници, бидејќи се уште не е официјално.