Со тешки телесни повреди се здобило дете откако во него удрил автомобил вчера попладне во скопската општина Сарај.
-Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Д.(40) од с.Сарај, удрило во малолетен пешак од с.Сарај. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, се наведува во информацијата на МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.