Предлог учениците во основно образование да се ослободат од носењето на заштитни маски против корона вирусот, даде денеска Комисијата за заразни болести.
На прес конференција на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците.
– Ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски, обврскаат за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал, рече Петличковски.
Оваа мерка ќе биде предложена до Кризниот штаб и Владата која треба да донесе конечна одлука.
Барање за укинување на мерака подолг временски период истакнуваа и аргументирано образложуваа повеќе независни медицински експерти, но групи на родители кои укажуваа дека мерката кај децата е контрапродуктивна. Комисијата се до сега сметаше дека се уште не е време за вакво ослободување.