Инспекторите од Одделението за комунална инспекција при Секторот Инспекторат на Град Скопје во текот на изминатата недела излегле на терен и извршиле осум контроли на физички лица и на правни субјекти по основ на поднесени електронски претставки на мејлот [email protected].
Извршиле и 30 инспекциски надзори по претставки поднесени преку архива од физички лица и правни субјекти, три со задолжување со решенија, а изречени се и четири казни на физички и правни лица по Законот за јавна чистота.