Граѓаните да ги земаат фискалните, трговците да не создаваат вештачка криза

Од денеска за основните производи се укинува ДДВ-то. Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните редовно да ги земаат фискалните сметки и на бројот 191 да пријавуваат за секакви нерегуларности.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели во вакви услови се можни злоупотреби за остварување дополнителен профит, да се создаде вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи.

-Веќе се казнети најголемите ланци на супермаркети, денеска бев информиран од страна на секторот во Министерството за економија, дека има поплаки за одреден супермаркет и веднаш го информиравме Државниот пазарен инспекторат, кој согласно моите информации веднаш постапил, изјави министерот нагласувајќи дека ако се повтори тој прекршок ќе следи дополнителна мерка.

Претходна вестОд утре постудено време со дожд, на планините снег
Следна вестСкопјанка од три стана украла накит вреден повеќе од 15.000 евра, полицијата ја приведе