Кражба на накит вреден повеќе од 15.000 евра од три стана каде била ангажирана како чистачка е причина за полициско проведување на скопјанката М.А. (45).
МВР соопшти дека таа се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.
-Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит, се наведува во соопштението.
Полицијата извршила и претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките. Против сторителката ќе биде поднесена соодветна пријава.