Ковид-состојба: Нови 324 заразени, секој седми тестиран бил позитивен – четири починати

Во изминатите 24 часа, направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19 (или 14 отсто): Скопје – 207, Битола – 19, Прилеп – 17, Охрид – 13, Куманово – 11, Кавадарци – 9, Тетово и Велес – по 6, Неготино – 5, Кичево и Гевгелија – по 4, Гостивар, Струмица, Кочани, Виница и Кратово – по 3, Струга и Крива Паланка – по 2, Ресен, Радовиш, Валандово и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.

Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Велес (70г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од: Кичево (75г) и Ресен (83г). Починатите се пријавени во период од 04.03. и 05.03.2022 година. Пријавените лица, се починати во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (3), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955, од кои 1.066 во Скопје.

 

Претходна вестВладата одвојува 120 милиони денари за сместување бегалци од Украина
Следна вестНова опрема за да се смени сликата за „Дрисла“ како еколошко жариште