Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
-Разговарано е за севкупните активности на Советот насочени кон унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.
Во соопштението се наведува дека претседателката Кожуваровска ги претставила и планираните активности, кампањи, настани, стручни и научни собири и манифестации на Советот во 2022 година, кој одбележува 60 години од своето постоење.
-Пендаровски ги поздрави напорите на Советот за подигнување на јавната свест за одговорно однесување и меѓусебно почитување на сите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека едукативното дејствување е важна алка во процесот за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со крајна цел – заштита на човечкиот живот, се наведува во информацијата.