Ланец на маркети треба да плати речиси 16 илјади евра казна поради нечесно работење кон граѓаните. Од пазарниот инспекторат појаснуваат дека три маркети од истиот синџир се казнети по четири илјади евра, а одговорните лица по 1.200 евра.
При контролата на инспекторите се утврдило дека маслото за јадење било отстрането од рафтовите, а на купувачите им се давало масло како подарок, само доколку направат сметка со одреден износ.
Во последните шест дена инспекторите казниле вкупно 41 трговец поради непочитување на органичените маржи или поради немање на дневна евиденција.
Инспекторите затекле и маркет што набавил зејтин по стара. т.е. пониска цена, а ја продавал по нова, повисока. Таму биле вратени цените според набавната.
Кај еден од производителите, каде што е завршена контролата, имало рафинирано масло, кое е спремно за пакување, доволно во количини за три месеци и дополнително суровина доволна за три месеци.
Од утре ќе се прават контроли и на производителите на брашно.